Малер со критики до секретарот за правда поради извештајот за Русија

Специјалниот обвинител Роберт Малер упати писмо до секретарот за правда и јавен обвинител на САД Вилијам Бар, во кое го критикува за резимето кое го изнесе пред јавноста од големиот извештај од истрагата за мешање на Русија во американските претседателски избори.

Малер речиси две години водеше специјална истрага за мешањето на Русија на претседателските избори во САД, по што го достави својот извештај до јавниот обвинител кој направи резиме за јавноста. Малер напиша во своето писмо дека резимето на Вилијам Бар „не го отсликува контекстот, природата и содржината на истрагата”.

Роберт Малер го изразил своето незадоволство од тоа како обвинителот ги презентираше своите заклучоци во извештајот во врска со можните врски помеѓу кампањата на Доналд Трамп и Русија, пренесува „Гардијан”.

Малер го напишал писмото на крајот на март, откако Вилијам Бар даде преглед од четири страници во кој тој во голема мера го ослободи претседателот Доналд Трамп од сомнението дека се мешал во истрагата и ја попречувал правдата.

„Сега постои конфузија во јавноста за критичните аспекти на резултатите од нашата истрага”, пишува Милер во писмото. „Ова се заканува да ја поткопа главната причина зошто Министерството назначи специјален обвинител – да се обезбеди целосна јавна доверба во исходот на истрагата, посочил Роберт Малер. 

Треба да знаете
Последни објави