Cиљановска бега од дебати, бега од новинари, бега од граѓани, а молчи за криминалот и насилството на режимот. Кандидатката на Мицкоски , Гордана Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ја почитува јавноста и не ги почитува медиумите и новинарите, реагира СДСМ откако опозицијата обвини дека Стево Пендаровски бега од телевизиски соочувања.
„Сиљановска избега да одговори на прашања поставени од страна на граѓаните на ФБ страната на МИА, избега од соочување со новинарите на Телма телевизија во емисијата „Жешко столче“ и избега дебата со активистите на Шарена револуција. Сиљановска освен што бега, таа и премолчува. Па така, таа молчи за криминалот на режимот, молчи за тоа дека генералниот секретарот на ВМРО ДПМНЕ и нејзин шеф на изборен штаб, Јанушев е под истрага.
Од Гордана Сиљановска јавноста, граѓаните не слушнаа ниту збор за осуда на насилниците од 27 –ми април, а не се огласи ниту за тоа дека е поддржана од осудени воени злосторници и осудениот бегалец Груевски.
Кндидатката на Мицковски, Сиљановска воопшто не е „симбол на правото и правдата“ туку типичен пример на транзициски профитер и симбол за непотизам и злоупотреби“, се вели во реакцијата на СДСМ.