Попладнево ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени.
Утре ќе преовладува сончево време, попладне со услови за локална појава на краткотраен пороен дожд. Преодно стабилизирање ќе има во петок, кога времето ќе биде умерено облачно и потопло. Потоа, од сабота до вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер.