Илјадници приврзаници на обединетата албанска опозиција и незадоволни граѓани целосно го блокира сообраќајот во земјата, создавајќи колони со воизла, кои не може да го продолжат патот кон посакауваната цел.
Единствено, насобраните граѓани дозволуваат да поминат возилата на брза помош.
Извикувајќи „Рама оди си”, „Не сакаме криминална Влада”, „Посакуваме Албанија како цела Европа”, „Доста ни е од сромаштија” демонстрантите се наоѓаат на сите главни национални патни правци.
Дел од демонстрантите палат гуми, а некои со собе носат и список на неплатени долгови и јавно ги презентираат пред камерте на новинарските екипи. Од градот Рогожина порака до Рама испратија од воздух со дрон.
Блокрани се и возила со сватови и невеста. Според допусникот на агенцијата Балкан веб сватовите кои од Драч земале невеста останале блокирани и не можеле да го продлжат патот.
Лидерот на Демократската партија е со протестантите во Елбасан, додека лидерката на третата по големина партија во земјата, опозициското Социјалистчко движење за интеграција, Моника Крумади во Драч.
Крумади за медиумите употребувајќи погрдни и навредливи зборови за него, рече дека премиерот Рама ја држи во заложништво целата земја, поради што треба да заврши во затвор.
Според најавата, со обраќањето на Баша пред демонстрантите каде што е ќе заврш блокадата на сообраќајниците.