Ирански танкер за превоз на нафта, кој се наоѓа во Црвено Море, испрати повик за помош до Саудиска Арабија поради дефект на моторот и губење контрола врз пловниот објект.
Иран, чиј танкер со нафта минатата година доживеа катастрофална несреќа во Источното Кинеско Море во која животот го загубија 32 лица, засега не информира за инцидентот.
На бродот се наоѓа екипаж од 26 морнари, од кои 24 Иранци и двајца државјани на Бангладеш.
Бродот се наоѓа во Црвеното Море, на 70 километри од Џеда.