Поттикнати од прогласувањето на епидемија на морбили на територија на целата држава, реакции на родители чии што деца не се вакцинирани и како резултат на тоа овие деца не можат да посетуваат градинка, а воедно највено е и дека децата кои не се имунизирани нема да бидат примени во образовниот систем, Првата детска амбасада во светот Меѓаши укажува дека ниедно дете не смее да биде исклучено од образовниот процес, без оглед на здравствената состојба или вакциналниот статус.
,,Свесни сме дека во состојба на епидемија јавното здравје има приоритет и државата мора да преземе соодветни мерки со цел да го заштити населението и истото го поддржуваме, но државата мора да најде соодветни форми и механизми со кои ќе обезбеди грижа, згрижување, образование на сите деца.
Препорачуваме и сметаме дека родителите треба и мора да бидат целосно информирани за значењето на имунизацијата но и за сите позитивни и негативни ефекти од истата како и информации за квалитетот и безбедноста на вакцините. Во насока на погоре кажаното, државата треба да преземе одговорност ако има негативни реакции врз здравјето на децата како резултат на вакцинација, воедно да гарантира квалитет што нема да биде проследен со најразлични афери (на пр. вакцини со изминат рок или сомнителен квалитет). Дополнителна конфузија кај родителите/старателите околу важноста или опасноста од имунизацијата создава и неусогласениот став меѓу педијатрите, лекарите и здравствените работници. Затоа, сметаме дека е важно ставовите околку имунизацијата да бидат услогласени од страна на сите релевантни чинители (педијатри, лекари и здравствени работници) и да се земе сериозно предвид стравот на родителите, односно да се разгледаат нивните причини кои ги водат во донесувањето на одлука за вакцининирање или невакцинирање на децата. Игнорирањето на случаи каде деца имаа одредени здравствени потешкотии како резултат на вакцинација нема да го зголеми бројот на имунизирани деца, напротив ќе предизвика уште поголем отпор како резултат на нејаснотии и условување на родителите да ги вакцинираат децата доколку сакаат да го остварат правото на образование кое им е загаранрано со закон и со Конвенцијата за правата на детето”, се вели во соопштението.
Меѓаши укажува дека место рутинска контрола пред вакцинацијата на децата, треба да биде пракса целосен, соодветен и темелен преглед на детето и да ги опфати сите деца без оглед на социјалниот, економскиот и образовениот статус на родителите/старателите. Затоа во прилог со ова соопштение доставуваме и соодветни јавно достапни документи со цел јавноста и родителите да бидат инфромирани за вакцината ММР, како и позитивните и негативните аспекти од имунизацијата на децата, но и потребата за дополнителни здравствени прегледи и проверки пред децата да примат вакцина.
,,Во основа сите одлуки кои се носат од страна на родителите и надлежните институции се со една заедничка цел тоа е заштита на децата и нивното здравје и живот.Но,потребно е да се искреира конструктивно решение кое ќе ги надмине сите недоразбирања и ќе се води од принципот на најдобриот интерес на детето. Нашиот став се заснова на принципите на Конвенцијата на правата на детето.Македонија ја има ратификувана Конвенцијата за правата на детето и има обврска истата да ја применува во сите одлуки кои се носат и се донесуваат на децата во нашата земја”, се додава во соопштението.