Скопјанец насилно влегол во домот на својата сопруга, по што бил приведен, но нападнал и полицајци, информираше МВР.
-На 01.05.2019 година околу 17.35 часот во СВР Скопје, Ј.Ј. (36) од Скопје пријавила дека во нејзиниот дом на улица „Тодор Чангов“ насилно влегол нејзиниот сопруг С.Ј.(38) од Скопје,, со кој е во бракоразводна парница и оштетил разни предмети. С.Ј. бил приведен во Полициската станица Аеродром, каде, при вршење на службен разговор, физички нападнал полициски службеник. По документирање на случајот против С.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.