Правдата почна да се испорачува од 2015 направена таа позната институција СЈО. И сега мака мачиме со политичките поддржувачи на Силјановска да му го продолжиме векот во рамки на редовното обвинителство. СЈО поднесе многу обвинителни акти, дел од тие постапки се завршени со осудителни пресуди. Најпознатиот од оние кој во втор степен беа осудени е почесниот претседател на партијата која ја поддржува Никола Груевски кој за да не се соочи со правдата избега од Македонија и сега од таму дели советти како требало да се раководи со државата. Така што во тој дел имаме значителен напредок и тој е констатиран и од Европската комисија и од Комесарот Јоханес Хан изјави Пендаровски.