Пендаровски и подари книга на Сиљановска од Кежаровски, да види со какви грозотии се соочил еден новинар во режимот за кој таа молчи Во 2011 година со упад специјални полициски сили беше затоврен еден голем медиум, А1 телевизија. Немасто да го осуди тој чин на режимот, Сињановска одеше од телевизија во телевиија и го правдаше затворањето и упадот во А1. Медиумот беше затоврен.“ рече Пендаровски во денешното соочување на Канал 5 телевизија. Пендаровски додаде дека Сиљановска не кажала ниту збор за затворањето на новинарот Томислав Кежаровски и јавно и ја подари книгата на Кежаровски. -Сиљановска не може да каже ниту еден збор за случајот на Томислав Кежаровски, ниту да го осуди. Затоа сакам да и ја дадам оваа книга да прочита, да види со какви грозотии поминал еден новинар, еден човек, само затоа што кажал збор. Таков беше режимот. Ние бевме на протестот, вие да ја прочитате оваа книга и да видите за што молчевте, рече Пендаровски.