Принцезата Шарлот, е четврта по ред да го наследи британскиот престол. Малата принцеза се родила на 2-ри мај, 2015-та година во болницата „Сент Мери“ во западен Лондон. Британската принцеза Шарлот, денеска полни четири години, а по тој повод, објавени се три нови фотографии кои ги направила нејзината мајка.
Нејзината мајка, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, ја фотографирала нејзината ќерка во палатата Кенсингтон и во куќата во Норфолк.
На една од овие фотографии, принцезата носи син фустан со цветчиња, додека седи на тревата во градината на палатата.
На другата фотографија трча и се смее додека во раката држи цвет, а на третата фотографија седи на дрвена ограда.
Нејзината мајка по повод на нејзиниот четврти роденден ги објавила овие фотографии кои биле фотографирани претходно. Таа исто така објавила и три фотографии од нејзиниот најмлад син, принцот Луија, кога тој наполнил една година на 23-ти април оваа година.