На 01.05.2019 година во 12.30 часот на крстосницата од магистралниот пат Битола-Ресен со регионален пат Макази-Маркова Нога, кај место викано Макази, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(62) од Битола, а сопатници биле Љ.М.(59) и едно лице на возраст од 16 години од Битола и патничко возило „Фолксваген“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(25) од с.Радолишта, струшко, а сопатници биле Г.М.(21), А.М.(39) и едно лице на возраст од 17 години сите од с.Мислодежда-струшко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Љ.М. и 17 годишната сопатничка, додека останатите лица се здобиле со телесни повреди. На сите им била укажана помош во Клиничката болница во Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.