ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто за 8 години локална власт во Штип, остави импровизирано реконструирани улици и не изгради ниту еден значаен објект за Штип, ниту градинка, ниту базен, ниту брана, ниту водоводи, ниту канализации.
Единствено нешто што ни остави се трошоци и судски пресуди кои достигнуваат стотици илјади евра. Тоа е ефектот од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Штип!
Ги информираме граѓаните дека Општина Штип има изработено проектна документација за изградба на Спортско рекреативен центар Суитлак со нови фудбалски игралишта, помошни простории за игралиштата (соблекувални), теретана, спа центар, соблекувални за посетители, ресторан и базен.
Општина Штип овој комплекс ќе се обиде да го реализира преку јавно приватно партнерство.
Граѓаните на општина Штип знаат дека, за само една и пол година во Штип е започната изградба на нова детска градинка, ќе се гради затворен базен во населба Сењак во склоп на училиштето Димитар Влахов, во завршна фаза е техничката документација за брана на реката Отиња, изградена е втора фаза од обиколницата на влезот во градот, изградена е паркинг платформа со капацитет за 40 паркинг места во централното градско подрачје, намалена е цената на водата за пиење за 10%, изграден е водовод до населба Балканска со што граѓаните на таа населба после 40 години ќе добијат чиста и здрава вода за пиење.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека за реализација на вакви крупни проекти потребно е темелна и квалитетна анализа и комплетна техничка документација.
Со вакви неосновани обвинувања и бледи прес конференции опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште долги години ќе ужива голема недоверба кај граѓаните, затоа што граѓаните ги препознаваат добрите проекти кои се во нивен интерес.