На 01.05.2019 година во 16.40 часот било пријавено дека на крстосницата помеѓу улиците Цветко Тонев, Јордан Стојанов и Јаким Стојковски во Пробиштип се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.И.(30) од Пробиштип и патничко возило „рено сеник“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(56) од Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.И., а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило И.С. од Пробиштип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.