Новоизбраниот украински претседател Владимир Зеленски рече дека е можно да се бара компромис во односите со Русија само кога Киев ќе ја врати контролата над државната граница, пренесува ТАСС.
„Долго време размислувам за тоа што имаат заедничко Украина и Русија. Реалноста е дека по анексијата и агресијата на Крим во Донбас, единствената заедничка работа ни е државната граница од 2.295 км и 400 метри. Русија треба да ни ја врати контролата над секој милиметар од украинската страна. Дури тогаш ќе можеме да продолжиме да бараме заеднички терен, напиша на Зеленски на неговата Фејсбук страница.
Претседателските избори во Украина се одржаа на 21 април. Со 100 отсто преброени гласови, Зеленски освои убедлива победа со 73,22 отсто од гласовите (повеќе од 13,5 милиони луѓе го поддржаа ). Актуелниот украински претседател Петро Порошенко, кој владееше со земјата пет години, освои 24,45 отсто.
Новиот претседател треба да положи свечена заклетва до 31 мај.
Крим и Севастопол усвоија декларации за независност на 11 март 2014 година. Тие одржаа референдум на 16 март 2014 година, во кој 96,7 отсто од жителите на Крим и 95,6 отсто од гласачите во Севастопол избраа да се отцепат од Украина и да се спојат со Русија.
Рускиот претседател ги потпиша договорите за реунификација на 18 март 2014 година. Документот беше ратификуван од националното законодавство на Русија, Федералното собрание, на 21 март 2014 година. И покрај убедливите резултати од референдумот, Киев одби да го признае Крим како дел од Русија. САД и Европската унија наметнаа економски санкции во 2014 година.