Канадскиот актер Рајан Рејнолдс е најплатен актер во 2019 година со хонорар од 27 милиони долари за филмот Six Underground, објави филмскиот магазин „Варајети“.
Во првите пет на листата најплатени актери/ки за филмови што премиерно ќе бидат прикажани оваа или до средината на следната година се наоѓа само една актерка – Емили Блант, со хонорар од 13 милиони долари за продолжението на филмот A Quiet place.
„Варајети“ наведува дека „Нетфликс“ моментно исплаќа највисоки хонорари, а платите се уште поголеми.
На второ место на листата на најплатени актери во моментот е Двејн Џонсон, со хонорар од 20 милиони долари за Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw, кој треба да излезе на 2 август, на 3. место е Вил Смит со 17 милиони долари за Bad Boys for Life, кој ќе излезе на 17 јануари 2020 година.
На 4. место е Том Круз со 14 милиони долари за филмот Top Gun-Maverick, чија премиера е закажана за 26 јуни 2020 година, на 5. место е Емили Блант.
Шестото место го делат Бред Пит (Once Upon a Time in Hollywood), Гал Гадот (Wonder Woman) и Леонардо ди Каприо (Once Upon a Time in Hollywood) со хонорари од 10 милиони долари.
На 7. место е Марго Роби со хонорар од 9 милиони долари за филмот Birds of prey, на 8. место се Идрис Елба со хонорар од 8 милиони долари за Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw и Бен Афлек за Triple Frontier за кој доби хонорар од 8 милиони долари.
На 9. место е Кирстен Стјуарт со хонорар од 7 милиони долари за Charlie’s Angels и на 10. место е Мартин Лоренс со хонорар од 6 милиони долари за Bad Boys For Life.