СДСМ: Продолжува грижата за граѓаните, отворени се преговори за минимална плата од 13.000 денари веќе од 1 јули

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати, граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките. Со Законот за минимална плата, во 2017 година минималната плата порасна на 12.000 денари за сите стопански гранки. 90.000 граѓани денес добиваат повисоки месечни примања.

Но заложбите на Владата предводена од СДСМ за повеќе пари во секое семејство, не застануваат. Отворен е социјално економски дијалог со синдикатите и работодавачите, со цел да се обезбеди законски загарантирана минимална плата од 13.000 денари веќе од 1 јули.

Тоа ќе значи дополнителен стимул за раст на останатите плати и дополнително ќе ја поттикне спиралата на раст на платите.

Со растот на просечната плата, која веќе изнесува над 24.000 денари и растот на платите во сите сектори, се отвораат реални можности, следната, 2020 година, просечната плата да достигне 30.000 денари или околу 500 евра.

Покрај платите, растат и пензиите. Ако на крајот на 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, денес таа изнесува од 14.580 денари, што е за 826 денари повеќе.

Ова се само дел од мерките кои значат повеќе пари кај граѓаните и подобра живејачка за сите граѓани.

Владата предводена од СДСМ успеа да ја стабилизира економијата, да ги охрабри инвеститорите и продолжува со спроведување политики што обезбедуваат повисоки плати, повеќе инвестиции и повеќе пари кај граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави