Во текот на вчерашниот ден многумина остана потресени по веста дека Икер Касиљас доживеал срцев удар на тренингот на тимот на Порто.
Во јавноста излегоа голем број пораки со поддршка за легендарниот голман, а синоќа со коментар излезе и самиот Икер кој истакна дека се чувствува добро и дека сето ова било преголем страв за него.
Сега, на социјалните мрежи се огласи и неговата сопруга, Сара Карбонеро која напиша доста емотивна порака.
– За среќа се остана само на стравот. Ви благодарам на сите изрази на голема љубов и грижа. Како што ми кажа една пријателка, животот има чудни начини да не потсети да го славиме секој момент, – напиша меѓу другото Карбонеро.
Инаку, многу е веројатно дека Икер Касиљас ќе мора принудно да ја заврши кариерата, а тоа во изјава за шпанските медиуми го потврди и познатиот кардиолог, Антонио Корбалан.