Анел Окиќ од Зеница е херојот кој го спаси животот на патник во авионот „боинг 787“. Авионот летал од Колумбија, а во него бил Французинот кој без помош на Амел веројатно немаше да преживее.
Сето тоа се случи во текот на летот Панама – Париз, кога, по три часа возење, некој прашал дали меѓу патниците има некое медицинско лице, бидејќи на некој патник му било лошо.
„Без размислување се јавив. Ме однесоа на крајот од авионот. Таму најдов едно бледо момче кое тешко дишеше. На коленото, кое беше отечено, видов рана. Тој рече дека бил во панамската џунгла и дека пред еден ден го каснало нешто. Коленото му беше инфицирано и поголемиот дел од ногата беше отечен, а имаше и треска”, вели Окиќ.
Тој му кажал на екипажот дека раната треба веднаш да се отвори и исчисти. Тие му ја донеле целата потребна опрема, а потоа следувала операција, објави Интервју.ба
„Стјуардите ми помогнаа. Јас исчистив раната, го евакуирав гнојот и направив преврска. Јас се сомневав на голема алергиска реакција, па му дадов инфузија со хидрокортизон. Пациентот по инфузијата и третманот беше многу подобро, сето тоа траеше околу еден час “, вели Окиќ, хирург во Кантонската болница Зеница.