Завршија активностите за целосна санација на покривот на ООУ „Лазо Ангеловски” во населбата Ново Лисиче. Со оваа санација е отстранет салонитот од кровната конструкција и се замени со челичен пластифициран лим со дебелина од 0,5 милиметри, на кои се поставени и снегобрани, информираат од Општина Аеродром.
Санацијата беше реализирана во рамките на проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и реконструкција на средни и основни училишта во Македонија” што го спроведува Министерството за образование и наука.
Истовремено, како што додаваат од Општина Аеродром, во училиштето е извршена промена на 30 внатрешни врати на училниците и помошните простории.