Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска пред судот во Лондон изјави дека ќе се бори против екстрадицијата во САД кои го товарат за завера поради хакирање на владини компјутери.
Запрашан дали се согласува да биде испорачан во САД, Асанж рече дека е против екстрадиција поради, како што кажа, новинарството кое освоило многу награди, пренесува агенцијата АП.
Тој пред судот во Вестминстер се појави преку видео-линк од лондонскиот затвор каде што отслужува 50-неделна казна поради прекршување на условната слобода од пред речиси 7 години, по што се криеше во амбасадата на Еквадор во Лондон.