Димитров од Охрид: Цврсто сме решени да ги фатиме уздите, мора да не биде, мора да ја биде државата, не сме ние ништо понеспособни од другите народи! На завршниот митинг во вечерва во Охрид, министерот за надворешни работи, Никола Димитров ја побара поддршката за кандидатот Стево Пендаровски. „ Да излеземе и да покажеме – Цврсто сме решени да ги фатиме уздите! Мора да не биде, мора да ја биде државата, не сме ние ништо понеспособни од другите народи!“ истакна Димитров. „Во недела ќе се дотерам, ќе си ставам една машна, и со насмевка ќе си гласам“, порача Никола Димитров од Охрид.