Повеќе од еден и пол милиони луѓе од шеесет различни земји учествуваа во гласање за најатрактивниот изговор во светот.
Во анкетата спроведена од страна на интернет-страницата за патувања – Big 7 Travel, за „најсексапилен“ дијалект е избран новозеландскиот изговор на англискиот јазик.
„Ух, за недоволно упатените, акцентот на кој се говори во Нов Зеланд може да звучи како да е австралиски дијалект, но читателите на Big 7 Travel не се согласуваат“, наведува сајтот.
„Новозеландскиот дијалект е неверојатно шармантен. Тоа е најсексапилниот изговор во светот и тоа е сега и официјално потврдено“, пренесува „Њузхаб“.
На второ место, во овој необичен избор, се наоѓа јужноафриканскиот изговор, додека на трето место се наоѓа ирскиот дијалект.
Изненадувачки е тоа што италијанскиот јазик кој често се потенцира во смисла на убавината на изговорот, го зазеде дури четвртото место.
Од другите јазици и изговори во првите 10 се позиционираа: шпански, француски, шкотскиот дијалект на англискиот јазик, изговорот од јужните делови на САД, бразилскиот дијалект на португалскиот јазик и австралискиот изговор на англискиот јазик.
Комплетната листа на најсексапилни дијалекти во светот може да ја најдете на следниов линк.