Извештајот на Мaлер” веќе е бестселер, објавија американски медиуми.
Печатеното издание на извештајот, објавен на 18 април, минатата недела беше продадено во речиси 42.000 примероци. Печатената верзија на документот е објавена од издавачката куќа „Вашингтон пост” и „Скрибнер”.
Тој се продаде побрзо од која било документарна книга, нагласува сајтот Баксан, каде се анализа продажбата на книги. Печатената верзија на извештајот на специјалниот обвинител Роберт Малер за врските на претседаателот Доналд Трамп со Русија ќе биде на врвот на листата на бестселери на весникот „Њујорк тајмс”, што ќе биде објавена на 12-ти мај.
Извештајот на Малер е достапен и во електронска верзија. Може да се симне бесплатно од веб-страницата на Министерството за правда на САД.