Николовски: Никој веќе не може да каже дека има нечии гласови кај себе и може да му ги даде на некој друг

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски смета дека со гласовите кои ги доби Блерим Река никој не може да манипулира и оти граѓаните сами одлучуваат каде ќе го дадат својот глас. Тој предвидува победа на Гордана Силјановска  Давкова со над 30.000 гласа.

Сметам дека овие избори покажаа дека во Република Македонија годините на демократија и самостојност во најпозитивна смисла си го прават своето односно дека  граѓаните се се повеќе едуцирани во однос на своите политички определби и никој веќе гласачите  не може да ги каже дека ги има кај себе и може да му ги даде на некој друг. Тоа е завршено во македонската политика. Тоа не го сфатија Заев и Пендаровски, не сфатија дека во политиката две круши и две јаболка не се 4 било што и дека едноставно не може така  да се собираат работи. Во однос на оние кои што го подржаа професорот  Река, имаше од сите делови на државата. Јас би сакал да им честитам на изборот, лично сметам дека професорот Река имаше солидна кампања во којашто добро се претстави. Најголем дел од нив знам дека се гладни за правда, затоа што и тој зборуваше за правда како што зборуваше и професорката Сиљановска, а сите знам дека сакаат оваа влада да падне, затоа што гласаа за кандидат којшто беше предложен од опозицијата и затоа сметам дека професорката Сиљановска е соодветно решение за гласање во вториот круг и ги повикувам да ја разгледаат нејзината програма, да ја прочитаат и да видат дека заедничката желба за правда ја има кај сите оние којшто гласаа и за неа и за Река, а мотивот да падне оваа власт е навистина голем затоа што промени се потребни во Македонија, вклучително и за ова што го зборував до сега, а тоа почеток на преговори со ЕУ, коишто за жал две години со ред не се случуваат, тука професорот Река е апсолутно експерт и има со што да се пофали имајќи предвид дека беше македонски амбасадор во Брисел кога Македонија прв пат доби препорака за почеток  на преговори нешто што за жал денес не се случува, рече Николовски.

Тој објасни дека помеѓу двата круга на кампања се насекаде низ државата за да го мобилизираат   гласачкото тело.

-Можам да ви кажам дека има една ерупција од емоции кои што се главно насочени кон опозицијата кон Гордана Сиљановска Давкова и сметам дека во вториот круг ќе порасне излезеноста  и сметам дека тоа ќе е фактор кој што ќе и ја донесе победата. Како што и сметам дека ќе се намали бројот на неважечки ливчиња во втор круг затоа што, да бидеме реални, луѓето беа под притисок особено во помалите средини не секаде избирачките места се по 1.000 избирачи колку што е максимум во Државната изборна комисија, па да не се знае кој за кого гласал . Има избирачки места и со 20 и со 30 и со 50 избирачи. Отприлика се знаат луѓето кој за која политичка определба е и беа притискани да гласаат за Стево Пендаровски. Не сакајќи да го направат тоа дел решија да останат дома, а другиот дел решија да излезат и да ги поништат ливчињата. Сега кога гледаат дека Гордана Сиљановска Давкова победува дека оваа власт паѓа и практично уцените и заканите на власта насочени кон нив веќе не допираат затоа што нема ни начин власта да ги реализира. Очекуваме да поддршката за Гордана Сиљановска Давкова да драстично порасне помеѓу двата круга. Јас дадов едно предвидување вчера ќе го повторам денес очекувам, победа на Сиљановска со 30.000 илјади гласа разлика, вели Николовски.

           

Треба да знаете
Последни објави