Вицепремиерот Бујар Османи го оправдува чекорот на играорците од Косово кои поставија големо албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид. Поради тоа беа парично казнети и дополнително им беше забранет влез во Македонија на пет години.
Според Османи албанското знаме може да се постави било каде и тоа, според него, е дозволено со закон, пренесува ТВ21.
-Поставете го албанското знаме каде и да посакате, нема да имате проблеми – рече Османи во емисијата Клик Плус.