Албанскиот премиер Еди Рама рекол дека никој на самитот во Берлин не побарал од косовскиот премиер Рамуш Харадинај да ги суспендира таксите, пренесе приштинскиот весник „Коха“.
Харадинај за РТК пред два дена рече дека на берлинскиот самит имало одредени притисоци од сите учесници, Приштина да ги укине 100 проценти воведените такси на производите од Србија. Според Харадинај, сериозна ситуација создале германската кацеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, премиерот Рама, претседателот Тачи,…сите тие сметале дека е добро таксите да бидат суспендирани на некое време за да се даде можност за дијалог, пренесе РТК.
Но, „Коха“ пишува дека Рама го обвинил Харадинај дека се уште не ги сфатил основните правила на човечката комуникација, кои, како што вели, важат и за лидерите, односно, дека кога нешто разговараат межусебе, тоа не се коментира во јавност.