Следното сослушување во врска со екстрадицијата на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, е закажано за 30 мај, пренесува ТАСС. Претседателот на судот, Мајкл Сноу, исто така одлучи дека проширеното сослушување за случајот Асанж ќе се одржи на 12 јуни.
Асанж, кој не се појави во судницата, изјави преку видеолинк од местото каде што е притворен дека не сака да биде екстрадиран во САД.
Портпаролот на „Викиликс“ изјави за ТАСС дека две нови сослушувања ќе се одржат на овие датуми бидејќи распоредот на судијата беше уште непознат. До 12 јуни американското Министерство за правда треба да ги објави конечните обвиненија за екстрадиција на Асанж.
Во средата лондонскиот суд го осуди Асанж на 50 недели затвор за прекршување на условите од кауцијата во 2012 година. Асанж, кој беше ослободен со кауција од 260.000 долари, се сокри во Амбасадата на Еквадор и побара политички азил.
Судијата Дебора Тејлор изјави дека Асанж ќе има можност за условна слобода откако ќе отслужи половина од казната.