Скопјанка била тешко повредна откако била удрена од автомобил чиј возач избегал беа да и помогне, вчера во Скопје, информираше МВР.
-На 01.05.2019 година во 20.55 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена З.Н.(70). Полициски службеници извршиле разговор со неа, при што појаснила дека на булевар Борис Трајковски била удрена од непознато возило, кое го напуштило местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.