Американскиот ектер Том Хенкс кој е во среќен брак со глумицата Рита Вилсон веќе 31 година, одлучи да открие шест работи кои се предуслов за среќен брак. Том и Рита се запознале во 1985 година за време на снимањето на филмот „Волонтеризам“ во кој глумеа вљубен пар. Том тогаш беше во брак и имаше две деца а Рита беше верена.
Но тие се вљубиле а прв поглед, три години тајно се гледале, а потоа Хенкс се разведе и ја побара Рита за жена. Актерот рекол дека во првиот брак влегол импулсивно, дека бил млад и дека не размислувал. Нагласува дека мора добро да се размисли и свесно да се одлучи дали се сака и дали е некој подготвен за брачна заедница. Тој советува да не се влегува во брак пред 30 години.
Вториот негов совет е да му се помогне на партнерот, дури и во најкритична ситуација. Хенк е католик, а Рита е припадничка на грчката православна црква. Со оглед на тоа дека знаел колку на Рита ѝ е важна религијата, одлучил да ја промени неговата вероисповед.
„Се жртвував поради својата сопруга. Рита има грчки корени и е припадничка на православната вероисповед, додека јас бев католик. Го почитувам нејзиното семејство, па одлучив да преминам во православието“ објаснил глумецот.
Еден од клучните услови за среќен брак, според Том, е поддршката. За време на годините поминати заедно, тие проживеале многу работи, но секогаш се поддржувале еден со друг.
Рита во 2015 година открила дека има рак на дојката, Иако стравувала како тоа ќе се одрази на нивниот брак, Хенкс се потрудил да ѝ пружи уште повеќе љубов и поддршка.
„Се што можам да направам е длабоко да се поколнам на својата сопруга поради нејзината огромна храброст“ рекол тогаш Том, а Рита за среќа успешно се справила со опаката болест.
Том советува и на својот партнер да му се прават мали и убави работи.
„Мојата сопруга е моја љубовница, врзани сме на начин кој го надминува зборот жена, девојка или мајка. Не можам да го замислам животот без неа. Често ѝ оставам пораки на телефонот или во книга, куцам пораки на машина за пишување кои ги собирам со години, ѝ посакувам убав ден и слично. Освен тоа, фотографирам се околу себе кога таа не е покрај мене и ѝ испраќам фотографии. Мислам дека тоа ѝ се допаѓа“ раскажува Том.
Вели дека многу е важно да се негуваат заедничките навики и да се сака партнерот без оглед на се.
„Оваа жена ме сака кога сум дебел и кога сум слаб. Ме сака кога сум ќелав и ме сака кога имам коса. Оваа жена ме сака, тоа го знам. Поради тоа сум среќен човек“ додава Том.
Сепак, славниот актер смета дека најважната работа е да се пронајде вистинската личност.