Еден француски тинејџер и неговите пријатели биле брутално нападнати од неколку мажи во општината Фекамп откако еден од напаѓачите го препознал момчето како син на локален полицаец, пренесува „Акту 17“.
Инцидентот почнал кога еден човек им побарал на тинејџерот и неговите пријатели, на возраст помеѓу 16 и 17 години, цигара околу полноќ во саботата, а потоа сфатил дека едно од момчињата е син на локален полицаец, се вратил со уште четири мажи и ја нападнал групата тинејџери.
Жртвите биле жестоко удирани, а еден од тинејџерите добил 21 ден боледување поради сериозноста на повредите што ги претрпел.
Според полицијата, двајца од напаѓачите на возраст од 21 и 23 години, веќе ѝ биле добро познати на полицијата и биле на условна слобода поради други кривични дела за кои претходно биле осудени. И двајцата биле изведени пред судот претходно неделава, но добиле само осум односно 12 месеци затвор за нападот.
Нападот се случува во време кога Франција се бори со сé поголем број напади врз полициските службеници и другите лица за итни случаи. Во септември, полицискиот шеф на градот Родез, Паскал Фило, беше избоден до смрт од човек што наводно се обидел да се одмазди зашто му било одземени кучето за борби.
Полицијата не е единствената жртва на случајни акти на насилство зашто дури и мобилниот медицински персонал во Тулон е мета на насилство и е принуден да носи панцири за заштита