Пија Мартел (27) боледува од ретка болест, синдром на каудална регресија, која го спречува развојот на долниот дел на ‘рбетот. Поради ова нарушување таа е родена со „половина тело”, односно долниот дел од телото не ѝ целосно развиен па се движи на рацете или на скејтборд.
Но, тоа не е единствениот нејзин проблем. Пија е родена како маж Педро. Таа кажа дека отсекогаш сакала да биде жена, но и покрај противењето на нејзиниот татко, уште како тинејџерка почнала со хормонска терапија и на крајот го сменила полот.
Таа објасни дека другите деца ја малтретирале откога знае за себе, но научила како да се справи со својот инвалидитет. Таа напоменува дека веќе не ѝ пречи што мислат другите за неа бидејќи знае дека е „прекрасна трансродова жена”.
Најголемиот проблем и бил да пронајде партнер кој би го прифатил нејзиниот инвалидитет и фактот дека го променила својот пол. Сепак, пред шест години таа го запозна мажот од соништата Мануел, кој ѝ „обезбедил сè што сака“.
„Не ми е гајле за убедувањата на другите. Таа е убава девојка. Мојот ангел“ кажа Андреј, а Пија вели дека двајцата живеат како и секоја друга двојка која знае и да се скара, и укажува дека нејзината попреченост не е пречка ниту во креветот.
Каудалниот регресивен синдром е ретко конгенитално нарушување. Тоа се случува кога долниот дел од ‘рбетот не е целосно формиран пред раѓањето.