Зоран Заев и Кочо Анѓушев се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Добро е што СДСМ конечно смогна храброст и ги призна придобивките од Технолошко индустриско развојни зони, во кои се отворија голем број на фабрики, кои вработија илјадници граѓани.
Фабриките кои се отворија во зоните покрај тоа што го зголемија извозот, влијаеја на зголемување на платите во целост, но и донесоа нова технологија во државата.
Кочо Анѓушев денес призна дека економската политика на ВМРО-ДПМНЕ беше добра и имаше позитивни резултати за стопанството.
За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ја намали невработеноста, ги зголеми платите и влијаеше на општо подобрување на бизнис климата во државата.
СДСМ во изминативе две години покажаа дека не знаат да работат и затоа треба час поскоро да си заминат.