Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ги одржи дванаесеттата и тринаесеттата седница.
На дневен ред на 12-тата седница се пет приговори поднесени од Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев,како партија, учесник/организатор на изборна кампања.
Првиот приговор е против Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, другиот против Градоначалник на општина Гази Баба, Скопје, а третиот против Градоначалник на општина Шуто Оризари. Четврдиот приговор поднесен до ДКСК е против Градоначалник на општина Кисела Вода, апеттиот против Градоначалник на Град Скопје.
На дневен ред на 13-тата седница на Антикорупциската комисија е точката за постапување по предмети отворени во постапки по службена должност за можен судир на интереси.