Германската канцеларка Ангела Меркел ја отфрли можноста за соработка помеѓу европските демократски христијани и популистичките десничарски партии по европските избори, објави „Шпигел“ денес.
Канцеларката ја отфрли таквата соработка, бидејќи унгарскиот премиер Виктор Орбан се заложи за соработка со ултрадесничарскиот лидер Матео Салвини во врска со миграционата политика.
За време на посетата на Нигерија, Меркел потврди дека го поддржува десничарскиот кандидат Манфред Вебер и рече дека „нема да има соработка со десничарските партии по изборите”, објави германскиот весник.
Орбан вчера во Будимпешта рече дека ќе побара начин да соработува со италијанскиот заменик-премиер Салвини, бидејќи, како што рече, по мајските избори на Европа ѝ се потребни лидери што се противат на имиграцијата.