Погледнете: Секое утро по едно јајце: Зошто јајцата се добри за нас ?

Иако за јајцата се вели дека се скромна храна тие се добри за нашето здравје, а нутриционистите објаснија зошто е важно тие редовно да се јадат.

Белката и жолчката од јајцето се богати со хранливи состојки – белковини, витамини и минерали. Жолчката исто така содржи холестерол, витамини топливи во маст и есенцијална масна киселина. Јајцата се многу важни и повеќеаменска намирница во кујната, иако нивниот хемиски состав буквално служи како „лепак“ во многу кулинарски процеси.

Од припитомувањето на кокошките, луѓето уживаат во нив. Како симбол на плодност и повторно раѓање, јајцата заземаат свое место во религиската и кулинарската историја. Во христијанството станаа симбол за Велигден. Достапни ни се многу различни видови на јајца, но најчесто се одгледуваат јајцата од кокошки, додека гурманскиот избор вклучува јајца од патки, гуски и препелици.

Нутритивна вредност

Јајцата се многу добар извор на високо квалитетни белковини, а не се скапи. Повеќе од половина белковини во јајцето се наоѓаат во белката со витамин Б2, а има и помали колични маст од жолчката. Јајцата се богати извори на селен, витамин Д, Б6, Б12 и минерали како што се цинк, железо и бакар. Жолчките содржат повеќе калории и масти од белките. Тие се извор на витамини кои се топат во мастите А, Д, Е и К и лецитин – спој кој овозможува емулзификација во рецептите како што е мајонезот

.

Денес некои јајца содржат и омега-3 масни киселини, зависно од тоа со што биле ранети кокошките. Јајцата се сметаат за „целосен“ извор на белковини бидејќи ги содржат сите девет есенцијални аминокиселини (оние кои не можеме да ги синтетизираме во нашите тела и мораме да ги добиеме од храната).

Важни за децата

Истражување објавено во списанието „Педијатрикс“ сугерира дека давање само едно јајце на мали деца во текот на шест месеци, со намалена количина на шеќер во храната, би можело да помогне во постигнување здрава висина и да спречи заостанување во раст.

Зошто јајцата со години беа „лоша“ намирница ?

Со години јајцата се сметаа за ризик по здравјето. Тоа е затоа што се сметаше дека предизвикуваат висок холестерол, па на луѓето со високо ниво на холестерол им се советуваше да ги избегнуваат. Денес се знае дека холестеролот кој се наоѓа во храната има многу помал учинок во холестеролот во крвта, за разлика од количините на заситени масти кои ги јадеме. Ако вашиот матичен лекар ви советувал да го редуцирате холестеролот во крвта, најдобро е да се воведе овошје, зеленчук и влакна, а да се намали внесувањето шеќер и рафинирани јаглехидрати.  Ако сте загрижени поради високиот холестерол, најдобро е да се посоветувате со својот лекар.

Јајца за здравје

Јајцата се богати со неколку хранливи состојки кои помагаат кај здравјето на срцето како што се бетаин и колин. Неодамнешно истражување извршено врз речиси половина милион Кинези сугерира дека конзумирањето едно јајце дневно може да го намали ризикот од срцеви болести и мозочен удар, иако експертите нагласуваат дека јајцата мора да се конзумираат како дел од здрав начин на живот за да бидат корисни.

За време на бременост и доење посебно е важно адекватно внесување на колин затоа што е неопходен за нормален развој на мозокот.

Јајцата се корисен извор на витамин Д кој помага во заштита на коските, спречува остеопороза и рахитис. Многу е важно јајцата мудро да се купуваат затоа што од тоа зависи количината на витаминот Д.  Не е сеедно дали се работи за слободно, органско одгледување или затворено производство на јајца. Би требало да бидат вклучени во здрава и балансирана исхрана, а добри се за појадок затоа што висок дел белковини помагаат подолго да се чувствуваме сити.

Јајца од препелица

Јајцата од препелица имаат сличен вкус на јајцата од кокошка, но нивната мала големина, убава шарена лушпа ги направи популарни и во кулинарскиот свет. Боите варираат од темнокафеава до сина или бела. Јајцата од препелица често се подготвуваат како тврдо варени и послужени со морска сол.

Јајца од патка

Јајцата од патка изгледаат како јајца од кокошка, но се поголеми. Како и кај јајцата од кокошка, се продаваат во големини од мали до големи. Овие јајца имаат повеќе белковини и се побогати од јајцаа од кокошка, но содржат и повеќе масти.

Како да се изберат и чуваат

Изберете јајца од слободно одгледување или органски. Јајцата треба прво да се проверат пред да се купат. Најдобро е да се проверат пукнатините или течноста во кутијата за да бидете сигурни дека нема скршени. Јајцата најдобро се чуваат во фрижидер каде можат да останат и до еден месец, (на кутијата проверете го рокот на траење). Јајцата кои повеќе содржат омега-3 масни киселини е најдобро да се јадат што побрзо.

Треба да знаете
Последни објави