Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје почнувајќи од денес (03.05.) во 19 часот, до утре (04.05.) до 18 часот, поради утрешното одржување на традиционалната спортска манифестација – „Виз Ер Скопски Маратон 2019“ со почеток во 08,30 часот, ќе воведе посебен сообраќаен режим долж трите тркачки патеки во рамки на манифестацијата.
Така, за трката од 5.000 метри за сообраќај времено ќе бидат затворени следните сообраќајници: од стартната точка на ул.„Димитрие Чуповски“ право по ул.„11-ти Октомври“ во правец кон Градска Болница, право кон “Црвен Крст“, кај Тутунски комбинат лево по бул.„Крушевска Република“, па десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, право по бул.„3-та Македонска Бригада“ до крстосница со ул.„Црвена Вода 7“ каде што се врти полукружно па право по бул.„3-та Македонска Бригада“, десно по ул.„Фрањо Клуз“, лево по спротивната насока на движење на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, лево по бул.„Кочо Рацин“ десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта – Собрание на Р. Северна Македонија;
Втората траса за трката на 21 километар, полумаратон: стартот е преку Порта Македонија, Плоштад Македонија, преку Камени мост, лево на ул.„Иљо Војвода“, лево по мост Гоце Делчев, право по бул.„Илинден“ лево по ул.„Љубљанска“, право по ул.„Московска“, десно по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, десно по бул.„Јане Сандански“ до крајот пред семафорот со бул.„Србија“ се врти назад по бул.„Јане Сандански“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право до пред Собрание на Р. Северна Македонија каде што е и целта;
И третата траса за маратонот на 42 километра/штафетен маратон: тој ќе се трча по истите улици како и полумаратонот, но по првиот круг кога
натпреварувачите ќе дојдат пред Собрание на Р. Северна Македонија продолжуваат уште еден круг право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по бул.„Св. Климент Охридски“, лево по бул.„Илинден“ и се трча истата рута како од првиот круг.
За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.