Рускиот и американскиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и Мајк Помпео ќе се состанат наскоро, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Русија.
Заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, рече дека можно е состанокот да се одржи следната недела во Финска, на 6 и 7 мај, за време на министерскиот состанок на Арктичкиот совет.
Според АП, состанокот ќе се случи во време на тензии во односите меѓу Русија и САД поради кризата во Венецуела, и тие мислат дека оваа латиноамериканска држава ќе биде главната тема за дискусија.
Москва и Вашингтон се обвинуваат едни со други за вмешување во внатрешните работи на Венецуела и влошување на кризата во таа земја.