Медицински претставници од карипскиот остров Света Луција доставија 100 бесплатни вакцини против мали сипаници на крузерот на американската Скиентолошка црква, кој беше ставен под карантин поради потврден случај на мали сипаници кај еден од патниците.
Мерлин Џејмс Фредерик, претставничка на здравствената служба на Света Луција, рече дека другите патници на бродот се во стабилна состојба, а дека засега е потврден еден случај на мали сипаници, според „Ројтерс“.
Таа потсети дека периодот на инкубација на мали сипаници трае од 10 до 12 дена.
Бродот од вторникот е закотвен во пристаништето во Кастрија, главниот град на Света Луција, и откако е потврден случај на морбили на бродот, истиот ден е ставен под карантин така што никој од 300 патници и членови на екипажот нема да го напушти бродот.
Лицето кај кое се откриени сипаници е во стабилна состојба, рече Џејмс.