Од Демократскиот сојуз на власите од Македонија, како најголема партија која ја претставува влашката заедница во државата и коалиционен партнер во владата, денеска уште еднаш ја истакнаа својата безрезервна поддршка за консензуалниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски.
Од таму потенцираат дека се за заедништвото и европскиот пат на Република Северна Македонија и ги повикаа сите власи во недела на 5 мај да излезат и да гласаат за Стево Пендаровски.