Како да го поправите вашето расположение за неколку минути?

Многу често се случува едноставно да немаме волја за ништо, а нашето расположение оди во минус. За среќа, постојат мали и едноставни трикови кои ако ги користите често, многу брзо и ефективно ќе ви го поправат расположението.

Бидете благодарни

Без оглед на причините за лошото расположение, благодарноста е одличен начин за брзо да го поправите. Едноставно сетете сe на работите за кои сте благодарни и набројте ги на глас.

Фокусирајте се на сегашниот момент

Сите знаеме дека утре никогаш не доаѓа, нели? Сегашниот момент е единственото време кое ни е на располагање, а ние воопшто не се фокусираме на него. Во своите мисли, најчесто се занимаваме со минатото или грижите околу иднината. Живејте тука и сега.

Прошетајте

Ако сте во можност, излезете надвор и прошетајте, ако треба нека биде и најкратката прошетка на светот. Додека шетате, дишете длабоко и набљудувајте ја околината.

Танцувајте

Ако сакате музика, пуштете си ги омилените песни и танцувајте сами среде дневната соба. Можеби ќе ви биде малку необично, но танцувањето со сигурност ќе ве расположи, а освен тоа ќе уживате и во чувството на слобода.

Средете барем една полица

Занимавањето со едноставни работи како средувањето на хаосот на вашите полици може многу да ви помогне. Додека го расчистувате нередот, нема да се занимавате со мислите кои ве оптеретуваат.

Јавете им се на саканите

Јавете им се или пратете им порака, но само за да им кажете нешто убаво, дека едноставно сте посакале да ги чуете или да ги викнете на кафе. Не се јавувајте за да се жалите.

Играјте со своите мисли, наместо да дозволите вашите мисли да си играат со вас

Нашите мисли се само наши мисли, не се апсолутни вистини, а ние сме тие кои им даваме моќ и внимание, најчесто многу повеќе од потребното. Играјте си со мислите, тие се само наши гости, а ние сме домаќини, па ако некој гостин не ви се допаѓа, не го пуштајте да влезе.

Сѐ е минливо

Секогаш имајте на ум дека сѐ е минливо, така побрзо ќе ви помине нервозата. Сите имаме такви моменти, само некои луѓе им обрнуваат повеќе внимание. А онаму каде што го насочуваме вниманието, таму се и нашите мисли и чувства.

Насмевнете си се самите на себе во огледало

… веднаш се чувствува разлика, нели?

Треба да знаете
Последни објави