Германската канцеларка Ангела Меркел е во посета на Нигер, што е последна станица од нејзината турнејапо западна Африка. Посетата на германската канцеларка е фокусирана на зголемување на поддршката за државите од овој регион, на кои Германија им донира десетици милиони евра помош.
Меркел вчера се сретна со околу 850 германски војници, кои се на Мали во мировна мисија на Обединетите нации. Гостувала и на универизтет во Буркина Фасо, каде се сретната со студентите и им порачала да се радуваат на иднината наместо да го поддржуваат исламскиот екстремизам.