Мицкоски од Охрид: Милошевски ќе биде идниот градски татко, бидејќи тој е изборот на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните на населбата Видовишта во Охрид.

На средбата тој истакна дека се наоѓа во победнички Охрид, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник Митре Милошевски ќе биде идниот градски татко, бидејќи тој е изборот на граѓаните.

Во него вели тој граѓаните препознаа честит човек, домаќин, работлив, срдечен и питом, вистински избор каков му треба на Охрид.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека  граѓаните го прочитаа и кандидатот на власта кој е симбол за не работата, неспособноста и корупцијата на власта која во моментов управува со Охрид.

Токму поради ова Мицкоски посочи дека во Охрид ВМРО-ДПМНЕ ќе забележи двојна победа, Митре за градоначалник и Гордана за претседател на Република Македонија

На народот му е преку глава од многуте лаги, невистини, предавства, криминали на власта. Изборот е едноставен, или се согласувате со власта и со тоа како живеете, или сакате промени кои ќе донесат правда над неправдите, развој наспроти назадувањето, вели тој.

Во недела охриѓани ќе изберат да живеат во убав Охрид и ќе донесат правда во Македонија, ќе се одзваат на повикот на татковината, заврши Мицкоски.

 

Треба да знаете
Последни објави