Експертите за човекови права на Обединетите нации изразија загриженост во врска со „несразмерната пресуда” од 50 недели затвор за основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, поради кршење на условната слобода.
Асанж е во затворот Белмарш со максимална безбедност „како да е осуден за сериозен кривичен прекршок”, се вели во соопштението на групата на ОН, која прекршувањето на условната слобода го опишува како помал прекршок, објави „Ројтерс“.