Ослободена жената обвинета за убиство на полубратот на Ким Џонг-ун

Преведувачката од виетнамската амбасада во Малезија, Маридам Јакфар, рече дека Виетнамката Доан Ти Хуонг, која беше осудена за убиството на  Ким Џонг-нам, полубратот на севернокорејскиот лидер, е ослободена од малезискиот затвор.

Таа за новинарите во петокот изјави дека Доан Ти Хуонг изгледа „среќна“, но таа не може да даде дополнителни детали. Адвокатите на Хуонг кажаа дека очекуваат во текот на денот таа да бидат одведена во канцеларија за имиграција, пред да се врати во Виетнам, објави АП.

Хуонг (30) се изјасни за виновна за помало обвинение за нанесување повреди откако обвинителите го отфрлија обвинението за убиство против неа.

Таа беше осудена на 40 месеци затвор. Индонезијката Сити Ајсија, која беше обвинета заедно со Хуонг, беше ослободена во март откако обвинителите неочекувано го повлекоа обвинението за убиство против неа.

Треба да знаете
Последни објави