Питер Мејхју, актерот кој го глумеше Чубака, еден од омилените ликови од „Војна на ѕвездите“, почина во вторникот на 74-годишна возраст.
„Со голема тага и жалење ве известуваме дека Питер почина“, пишува на официјалниот профил на актерот на „Твитер“.
Објавата е од неговото семејство, но не е наведено од што починал актерот.
Лицето на Питер не беше откриено во ниту еден филм од франшизата „Војна на ѕвездите“. Тој постојано го носеше крзнениот костим на култниот лик Вуки.
Питер работеше како консултант во филмот „Последниот џедај“, каде што го подучуваше финскиот актер Јонас Суотамо, неговиот наследник во улогата на Чубака.