На наплатната рампа „Стоби“, на автопатот Градско – Велес околу 3.30 часот автомобил „мазда“ со кумановски регистарски ознаки удрил во сензорска рампа на втората наплатна кабина.
Притоа, автомобилот управуван од засега непознато лице ја оштетил рампата и го напуштил местото на настанот.
Извршен бил увид од екипа од СВР Велес од каде работат на расчистување на случајот.