Нелсон Мандела, првиот црн претседател на Јужна Африка кој на чело на државата дојде по укинување на апартхејдот, почина во 2013 година. Цртежот го изработил со восочни пастели во 2002 година, според аукциската куќа „Бонамс“.
Цртежот ја покажува вратата на затворската ќелија на островот Робен во близина на Кејп Таун, каде што Мандела беше затворен како политички затвореник пред да стане претседател.
Делото е едно од неколкуте што ги чуваше поранешниот претседател, според аукциската куќа.
Неговата ќерка Пумла Маказиве Мандела го наследи цртежот и го понуди на продажба. Кога нејзиниот татко се пензионира во 1999 година, тој немаше многу што да работи така што цртежот има особено значење за него, рече неговата ќерка.
„За него сликањето беше начин на релаксација, но исто така и давање смисла на минатото. Ова дело има посебно значење за него бидејќи тоа е постојан потсетник дека не може да се заборави она што е незаборавно и дека слободата не треба да се зема здраво за готово“, рече Маказиве Мандела.