Камерите забележаа неверојатна глетка на улиците на Манкат, во Минесота, кога бебе заедно со седиште за деца, падна од автомобил низ вратата, а за среќа во тој момент не помина ниту еден автомобил.
Возачот кој наишол, веднаш запрел и почнал да и мавта на мајката, која воопшто не забележала дека детето и паднало од автомобилот, па си заминала.
Тој го запрел сообраќајот, го зел девојчето кое пак поради седиштето било заштитено од повреди.
Набрзо пристигнале и полицајци, како и мајката која веројатно подоцна видела дека и ја нема ќерката.
Како што се утврдило, девојчето било прописно врзано за седиштето, но самата носилка не била прописно обезбедена во автомобилот.