Британската сензација Ноисетс (Noisettes), Нокаут, Ај Кју, Тони Зен и Фулиш Грин се дел од програмата на првото издание на акустичниот фестивал Скопје Анплагд. Уникатниот акустичен фестивал има за цел да ја збогати културно уметничката програма на градот и да го разбуди духот на сладокусците на убавата музика отсвирена во интимна атмосфера.
Ко-организаторите, Универзална сала и Бојан Трајковски (Ај Кју) со задоволство ви го најавуваат првото издание на фестивалот Скопје Анплагд кој ќе се оддржи во петок 17-ти Мај во 17:00 часот во Скопје Сити Мол. Бидејќи не случајно се оддржува во петок со почеток во 17:00 часот, организаторите фестивaлот го најавуваат и како најголемата афтерворк sunset rooftop забава.
Лондонскиот бенд Ноисетс за прв пат доаѓаат во Скопје во акустична формација, заедно со публиката да ги испеат нивните мега светски хитови како што се Never Forget You, Don’t upset the rhythm и многу други песни кои им обезбедија врвни места на светските топ листи и настапи на најголемите фестивали како што се Гластонбери и Коачела.
Програмата ја збогатуваат и едни од најактивните и најактуелните македонски изведувачи: Фулиш Грин и Тони Зен кои пред публиката ќе ги претстават новите албуми и најголемите нивни хитови, Ај Кју – кои по Евровизијата и настапите во странство, по подолго време конечно ќе се претстават пред домашната публика и Нокаут – кои на некој начин се пионери во анплагд настапите низ Македонија. Билетите за ова неповторливо искуство се веќе во продажба со симболична цена од 300 денари а бројот на влезниците е строго ограничен поради интимната природа на настанот. Побрзајте и бидете дел од најголемата афтерворк sunset rooftop забава на 17-ти Мај во 17:00h, Скопје Сити Мол.