Казнети осум возачи за поминување на црвено

Во текот на изминатиот ден (02.05.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека еден возач управувал возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и три возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и тројца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 10 мандатни платни налози и осум возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а девет лица поминале со телесни повреди.

 

Треба да знаете
Последни објави